Почина фолк пејачот Бора Дрљача

На 80 годишна возраст почина Бора Дрљача после долга борба со тешка болест.

Како што изјавил синот на пејачот за медиумите, Бора боледувал од меланом кој се проширил на мозокот, а се борел до последниот ден.

Инаку погребот на Бора Дрљача ќе биде во среда на новите Бежаниски гробишта.

Бора низ животот постојано го следеле трагедии, па така првата жена му се отрула, додека втората починала од карцином. Потоа настапиле нови проблеми во животот на пејачот. Нему на еден рутински преглед дијагностицирано му е дека има промени на дебелото црево. Тоа се случило кон крајот на минатата година. Тој потоа го оперирал туморот на дебелото црево, долго бил прикован за болничкиот кревет, а долго после операцијата не можел ни да станува, ни да јаде.

Последното негово гостување беше на ТВ Хепи, каде што со тажен глас зборувал за најинтимните работи, за своите страдања, но и за непрежалени работи…

“Најтешко ми е што немам внучиња, едниот син ми е оженет, снаата е многу добра, другиот син не е оженет, не сум среќен во животот. Првата жена ми се отру со таблети, втората почина од канцер… Џабе ми се сите ѕидини кои ги изградив кога нема внуци…“.

“Жалев за старите времиња, кога се патуваше со автобус, луѓето повеќе се сакаа и беа по искрени“, додал покојниот Бора.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*