Мими Јовановска повторно растури на “Гранд”

Во последната емисија од третиот круг на регионалното музичко шоу учестуваа и неколку македонски кандидати, некои од нив поминаа директно во следниот круг, а некои го напуштија шоуто.

Посебен белег остави извонредната Мими Јовановска која се најде во т.н македонски дуел со Марио Арангеловски од Куманово.

Марио Арангеловски се претстави со песните „Кида ме“ и „Фали ми љубав“, додека пак Мими се претстави со песните „Судбо моја“ и „Проклет да је овај живот“. Марио доби три гласа и оди во следниот круг, додека пак Мими ги освои сите гласови од жирито и се пласираше директно во четвртиот круг.

Жирито имаше пофални зборови и за двајцата македонски кандидати.

„Фантастични два кандидати. Се беше супер, само продолжете така. Точно во тој правец“ изјави Мили.

Вики Миљковиќ исто така го пофали пеењето на Мими:

„Таа е лек за уши“, беше кратка и јасна пејачката.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*