Мел Би од „Спајс грлс“ станала бездомничка и живее кај мајка си

Таа беше една од најголемите ѕвезди додека „блескаше и гореше“ со групата „Спајс грлс“ во 90-тите, а денес, наводно, три години по бурниот развод со сопругот Стивен Белафонте е толку сиромашна што нема свој покрив, па живее со мајка си тврди списанието „Women’s Day“ во новото издание.

Поранешниот брак на 45-годишната Мелани Браун, попозната како Мел Б, во кој таа го обвини својот 45-годишен сопруг дека е насилен и ја изневерува со дадилката, како и разводот, остави сериозни последици врз неа. Веќе не се справува како порано и сега најголема утеха наоѓа во поминувањето време со нејзината мајка.

Доверлив извор откри дека Мелани, наводно, била силно погодена од фактот дека е без пари и сопствена куќа, а нејзиниот поранешен сопруг неодамна купил куќа во Лос Анџелес во вредност од два милиони долари. За тоа наводно му помагала поранешната дадилка со која тој ја изневерил и која таа ја обвинува за распадот на нивниот брак.

Порталот„  Gossip cop “, кој разоткрива лажни стории во медиумите, забележал дека е вистина дека Мел живее со нејзината мајка во Лондон, но смета дека е невистинито дека пејачката ја обвинува дадилката за раскинувањето на нејзиниот брак. По разводот, Мел постојано давала до знаење дека насилното однесување на Стивен е виновно за раскинувањето.

Мел и нејзиниот поранешен сопруг сè уште водат битка за старателство над нивната осумгодишна ќерка Медисон. Стивен не бира „оружје“ со кое ќе ја нападне Мел, па неодамна ја нарече „луд алкохоличар и наркоман“, иако таа исто така го обвини за набавка на дрога додека биле во брак. Медисон сè уште живее со нејзиниот татко во Лос Анџелес, а Мел со неа се слуша само преку Face Time.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*