Ќерката на Ана Николиќ на високи потпетици

Ана Николиќ објави фотографија од нејзината ќерка Тара на Инстаграм, а многумина веднаш започнаа да ги коментираат постапките на пејачката.

Имено, малечката ставила високи потпетици од својата мајка, а многумина ја прекорија Ана дека се’ уште не е време за тоа. Сепак, гордата мајка, целата среќна се пофали со фотографијата:

„Крвта не е вода!“ – напишала Николиќ покрај фотографијата на која нејзината ќерка се држи за масата, по што следеа коментарите дека е прерано Тара да се качува на  „штикли“.

Сепак, имаше и такви што оваа постапка иронично ја оправдаа, со зборовите: „Подобро да е метната на мајка и, отколку на татко и“ – асоцирајќи на Раста, кој неодамна беше уапсен заради поседување големо количество наркотици, а во моментот на неговото приведување малечката била кај него во домот.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*