Премиум бенд : Не погоди доста оваа ситуација

Членовите на Премиум бенд за естрадниот магазин Естрада плус откриваат дека загубата од откажаните настапи за нив е голема. Покрај свирките низ нашата земја, тие имале и настап во Германија кој поради корона вирусот биле приморани да го откажат.

Иако нивните планови за периодов беа бројни и големи, реализацијата на истите ќе се случи откако ќе се среди ситуацијата со коронакризата. Од Премиум бенд велат дека изгубиле доста настапи во нашата земја, но и надвор од неа.

-Не погоди доста оваа ситуација, бидејќи проектот кој што го спремавме очекувавме и ни се отворија веќе повиците и за Германија и во Македонија, за прослави и свадби, но сите закажани термини се откажаа. Тоа е штета пред се за младите кои што требаше да прават веселби и што ќе уживаа во нашата музика, но ете ќе имаме шанса понатаму. Верувам дека ова еден ден ќе прекине и ќе продолжиме каде што застанавме бидејќи нема да се откажеме сигурно и уште поспремни и подобри ќе ги очекуваме нивните повици кон нас за тие веселби и настапи и надвор од Македонија. Повик до нашите македонски здруженија ако сакаат добра музика нека не повикаат нас “Премиум бенд”.-вели Сашо Костовски, член на Премиум бенд за естрадниот магазин Естрада плус.

Инаку, Премиум бенд пред само краток период за првпат гостуваа во студиото на ИН Продукција при што промовираа дел од нивниот нов музички проект. Станува збор за сплетови од добро одбрани македонски народни песни кои се најбарани од нивната публика.

Во продолжение уживајте во нивниот сплет !

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*