Направија вистински БУМ на Тумба Фест-Влатко проговори за соработката со Скопски Боеми

“Литро вино, литро вода” е песната со која што Влатко Алексовски и Скопски Боеми настапија на годинешното издание на фестивалот на шегобијна песна “Тумба Фест” во Куманово.

Нивниот сценски настап беше оценет како еден од најинтересните и најенергични настапи, а со тоа тие докажаа дека нивната енергија одлично се совпаѓа. Влатко за естрадниот магазин Естрада плус накратко раскажа за соработката со Скопски Боеми и за нивниот прв заеднични настап на фестивалска сцена, но и за долгогодишната заедничка работа со познатиот музичар Цане Петров.

-Со Цане соработката ни е долгогодишна, а прва соработка во оваа комбинација со Скопски Боеми и Влатко Алексовски. Инаку со Цане сме настапувале двапати на Филиграни минатата година со Свекорот е главен, година пред тоа со Невесто убава, значи секогаш нудиме нешто ведро, весело, свадбарско, она народот што сака да го слушне.-изјави Алексовски за гледачите на ИН ТВ.

-Се надевам дека ќе има нешто плус, ние веќе зборувавме за нова песна со Влатко.-вели Цане.

Петров во интервјуто за ИН ТВ не го криеше задоволството од нивниот настап кој беше одлично прифатен од публиката на Тумба Фест.

-По реакцијата на публиката еве и Влатко така примети, како и од наша страна гледано имаше многу убава реакција.-додава познатиот музичар за Естрада плус.

За периодот кој следи, Влатко и Скопски Боеми најавија снимање на официјално видео за песната “Литро вино, литро вода” за кое како што велат во интервјуто ќе го работат со ИН Продукција.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*