Ѓоко Јовиќ за забраната за настапи : Ни ги скратија нозете !

Ѓоко Јовиќ во интервју за ИН ТВ раскажува како поминува овој период за него. Тој вели дека во текот на изминатите неколку месеци собрал доста нови идеа кои се надева дека ќе ги реализира во најскоро време и дека ќе ги изненади неговите фанови со нови музички проекти и песни.

Еден од најпознатите македонски пејачи, Ѓоко Јовиќ во ексклузивно интервју за ИН ТВ проговори за моменталната тешка ситуација во која се наоѓа нашата земја. Тој меѓудругото вели дека корона кризата доста лошо влијае врз нив музичарите, но и врз сите оние кои се засегнати од забраната за одржување прослави.

-Првите неколку месеци по прогласувањето на пандемијата на коронавирусот беше се во ред, убаво, дома со семејството, навистина имавме убави моменти, убава дружба со моите најсакани. Пред тоа бев на турнеја во Австралија и Америка, а имавме и неколку концерти низ Европа, но ова е веќе долг период кој што навистина е тежок. Ни забранија се, што се вели ни ги скратија нозете. Немаме настапи, иако имавме некој настап секако со сите воведени протоколи и се како што треба, но не знам изгледа тоа на некого многу му смета и одма се фаќаат за нас музичарите. Мислам дека по протестот ќе се средат сите работи.-изјави Јовиќ во интервјуто за ИН ТВ.

Ѓоко за гледачите на ИН ТВ открива како за него поминувал периодот на изолација и што во тие моменти се правело во неговиот дом. Тој вели дека има голем број нови идеи кои за жал поради моменталната ситуација не може да ги реализира, надевајќи се дека ќе помине се во најскоро време.

-Бевме долго време во мојот роден крај, моето село. Таму бевме околу три месеци, можеби и малку повеќе, но имаше и период дома со дечињата и сопругата имавме убави моменти. Се пееше, се свиреше, се компонираше нови песни, размислував на нови спотови. Цело време имаме нови идеи, но ако продолжи ова вака мислам дека идеите можат и да згаснат. Но, да бидеме позитивни барем уште некој временски период кој што можеме да издржиме, се надевам дека ќе биде се како што треба, па оставаме на Господ сега, ќе видиме за понатака.-додава Ѓоко за естрадниот магазин Естрада плус.

Инаку, Јовиќ пред само неколку месеци објави две нови песни. Станува збор за “Ти си моја жена” и “Ѕвезда најсветла” кои засега одлично котираат во етерот и се доста прифатени од јавноста, како и сите негови останати хитови.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*