Хрватската пејачка Маја Шупут бремена на 41 година

Хрватската пејачка Маја Шупут сподели среќни вести односно дека е бремена од својот партнер Ненад Татаринов.

Таа на својот Инстаграм објави дека останала бремена во својата 41 година.

„Изненадување. Драги мои, од сите објави и најави, имам многу поголема вест. Ова за нас е најубава, најчудна и толку магична да не можам да ви ги опишам нашите чувства. Имено, во нашето мало семејство пристигнува принова која е најголем дар и само таа недостигаше за нашиот универзум. Малку е да кажеме дека сме на 7-мо небо и дека зборот возбудување доби друга димензија. Конечно дојде моментот да ви откриеме слатка тајна и бебето го има првиот фото спомен во мајчината утроба….Денес славиме 15 недели со надеж дека следните 25 ќе поминат вака убаво и сигурно за нас“, напиша пејачката.

Инаку пејачката со години не можеше да заборави на семејната трагедија откако почина нејзиниот татко кој беше познат менаџер во Хрватска.

Тој се бореше со тешка болест, а пејачката често беше до него кога најмногу му требаше. Откажуваше и свои настапи во најтешките мигови од неговиот живот.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*