Успешен протест на музичарите : Во петок ќе се чека “ДА” за свадбите !

Македонските музичари, естрадните уметници, ДЈ-ите, ивент индустријата и угостителите го одржаа најавениот протест пред владата на Република Македонија.

На протестот беа присутни над 1000 нивни преставници, кои беа многу посилни и погласни од владините пропишани „55 децибели“ со цел да се слушне нивниот глас за можност да го остварат своето елементарно право на вршењето на својата работа и дејност, а со тоа и остварување на сопствената егзистенција за нив и нивните семејства, како и за нивните вработени и нивните фамилии.

Протестот почна со музика од импровизиран ноќен клуб пред Владата. Голем број на музичари и уметници од земјава дојдоа да им дадaт поддршка на своите колеги, кои се засегнати од ситуцијaта. Наум Петрески, Ферус Мустафов, Ванчо Тарабунов, Анита Мицова, Сузана Гавазова, Панчо ДНК, беа само дел од имињата кои беа присутни пред Владата.

По протестот на социјалната мрежа фесјбук се огласи организаторот на мирниот протест, Даниел Сидовски фронтмен на Скопската група Респекти кој напиша:

УСПЕШЕН ПРОТЕСТ ✌⚠️👏🎼
Од срцето им се ЗАБЛАГОДАРУВАМ на сите присутни 2000/2500 засегнати работници и за сите оние кои ми дадоа мотивација да ги претставувам ЈАС преку овој мирен протест, кој помина во 100% најдобар ред и според сите протоколи дадени од здравствените работници.
И на сите комплименти, коментари, што во живо, што преку социјални мрежи… 🙏❤🙏❤🙏❤🙏
• Успеавме во дадениот рок, да добиеме шанса да ги промениме моменталниве забрани и да продолжиме да работиме по протоколи додека да помине кризава.
Сакам да ви кажам дека:
– Во Петок, во кабинетот на нашиот премиер Зоран Заев, ќе бидам културен соговорник, макотрпен додека не рече ДА за Свадбите и моменталнава забрана, и нема да бидам некултурен и неписмен човек како што сум бил денес пред Владата на Р.М по тврдењата на некои луѓе.-стои во објавата на Сидовски на фејсбук.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*