Повторно сите очи вперени во Анастасија Ражнатовиќ

Анастасија Ражнатовиќ слободно може да се каже дека е најекспонираната од децата на познатите.

Особено откако и таа стана дел од естрадата, Анастасија не престанува да се снима и фотографира со мобилниот, како буквално никогаш да не и досадува.

Овојпат се појави на една забава со пријателките, а таа буквално беше центарот на вниманието во секси стајлинг за кој српските медиуми кажаа дека изгледа како барбика.

Имено, таа носеше минијатурна розова чанта, розово сако и бел краток фустан.

Ражнатовиќ објави видео врцкајќи се пред огледалото, а коментарите само пристигнуваа на нејзина адреса.

Додека мајката се сонча во октомври на Кипар, ќерката води бурен ноќен живот.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*