(ФОТО) Фолк дивата Елена Велевска изгледа одлично без шминка

Познатата фолк ѕвезда кај нас, Елена Велевска важи за жена која посебно внимава на надворешниот изглед. Во целата своја кариера таа постојано соработува со стилисти кои посебно внимаваат на нејзиниот изглед.

Но, пред се една жена за да изгледа убаво однадвор мора да биде исполнета и одвнатре. Таа ова лето богами и максимално ги наполни своите батерии на одмор во Турција заедно со своите најмили, а сега откако се врати, свежината и е неизбежна.

Доказ за тоа е фотографијата која Велевска ја објави на социјалните мрежи, без шминка, природна а во исто време преубава.

На фановите им остана само да ја опсипуваат со позитивни коментари дека ова најново издание на пејачката посебно им се допаднало.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*