Музичарите и диџеите го „ЗАКОПАА“ ноќниот живот и му објавија НЕКРОЛОГ

По најновите мерки на владата да се забрани секаква музика, се мисли на настапи на музички уметници по кафулињата, рестораните и клубовите, Владимир Блажев (ДНК) објави Жална вест од името на малкуте интелектуалци останати овде што со душа чекаат да се отворат границите…

Од вечно ужалените Музичари и Диџеи, ова е потписот на онлајн-некрологот кој кружи по социјалните мрежи, а му е посветен на ноќниот живот во земјава и тоа откако се донесе одлука да се забрани настапот на артистите и да се контролира јачината на музиката која ќе биде пуштана во кафулињата.

Клубовите и дискотеките и понатаму остануваат затворени за работа.

„Почитувани на 4.10.2020 година по долги несогласувања со режимот битката ја загуби нашиот драг урбан ноќен живот. Погрем нема, но следуваат денови на жалост“, пишува во некрологот.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*