Марјан Коцев : Единствен лек за сите вируси е “Жута љута”

На фестивалот Тумба Фест, фолк пејачот Марјан Коцев ја претстави неговата нова песна насловена “Жута љута”. Тој вели дека “Жута љута” е единствениот лек против сите вируси.

“Жута љута” е насловот на најновата песна на познатиот фолк пејач Марјан Коцев со која што настапи на годинешното издание на Кумановскиот фестивал на шегобијна песна Тумба Фест. Марјан во интервју за ИН ТВ вели дека неговата песна кажува за тоа дека за било кој вирус единствениот лек е “Жута љута”.

-На Кумановски дијалект е песната исто како и минатата година за Европска унија. Оваа година малку ми беше тешко околу пеењето, ама заедно со директорот Игор снимивме во неговото студио па се снајдов. Темата е Жута љута, кажува дека за било кој вирус единствен лек е само Жута љута.-истакна Коцев во интервјуто.

Текстот за оваа песна го напиша Снежана Николовска, а музиката и аранжманот се дело на Игор Трајковски.

Со оглед на тоа што песната е со хумористично-сатиричен текст Марјан се надева дека ќе помине добро кај јавноста.

-Се надеваме на добро, на позитивност. Сега малку времето ни е климаво, но ете од таков карактер каков што е и самиот фестивал, хумористично-сатиричен текст, се надевам дека ќе помине добро.-вели тој.

Кога станува збор за ангажманите, Марјан одржа неколку свирки во познат локал во Свети Николе, а за естрадниот магазин Естрада плус вели дека загубата на македонските музичари поради коронакризата за жал е огромна.

-Во недела преку ден сме кај Геро заедно со мојот колега Кире од Свети Николе. Правиме колку што можеме, убаво е кога има гости, има атмосфера и имаме волја за работа, а уште поголема сатисфакција е тоа што многу месеци не работевме, сега многу повеќе сакаме да пееме, сакаме да се дружиме со нашите гости и симпатизери, сакаме да бидеме со нив, ни фали тој контакт одамна. Така да, почнуваме од 14-19 часот може да се случи да нема пауза, кога ќе завршиме уште ни е малку, сакаме пак да има една дружба. Изгубивме многу.-додава Марјан за гледачите на ИН ТВ.

Инаку, Марјан Коцев покрај на Тумба Фест, изминатиов период настапи и на Изборот на Летен Фолк Хит во Општина Новаци, а како што открива за гледачите на Естрада плус, следен е настапот на престижниот фестивал Роса Фест.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*