Две нови песни и настап на Роса Фест најавуваат познатите Академци

Даце од група Академци вели дека поради корона кризата голем дел од нивните настапи на свадбените прослави се одложени, но и откажани. Тие се надеваат дека барем следната година ќе се подобри оваа ситуација и дека ќе се врати се во нормала. Кога станува збор за нивните активности, Даце открива дека Група Академци во моментов работат на уште две нови песни.

Добропознато е дека македонските музичари се едни од најпогодените во овој период на корона кризата. За тоа како влијае оваа тешка состојба на Група Академци, во интервју за ИН ТВ зборува Даце, машкиот вокал на групата.

-Не сме започнале ништо, сите свадби ни ги одложија за догодина, дури неколку и ни се откажани. Состојбата со коронавирусот не ни делува психички многу депресивно, секогаш сме расположени. Финансиски нормално дека ни делува, тоа се осети по џебот и дома по буџетот. Здравје Боже ќе ги отсвириме следната година истите свадби па ќе биде уште подобро, сега се одморивме малку.-истакна Даце, за естрадниот магазин Естрада плус.

Група Академци неодамна настапија на Тумба Фест заедно со нивниот женски вокал Ивана, каде што ја изведоа песната “Кафански театар”. Освен оваа песна тие периодов подготвуваат уште две песни, од кои и дует. Една од овие песни ќе биде промовирана на овогодинешното издание на Роса Фест.

-Секако да, имаме уште нешто спремно, само сега засега ќе остане само за нас. За брзо време се надевам дека ќе влеземе во студио, повторно еден дует и планираме да учествуваме на Роса Фест кој ќе биде од затворен тип, само учесници без публика, но сепак ќе се одржи фестивалот, така да, ете уште две нови песни од нас.-додава тој за гледачите на ИН ТВ.

Инаку, песната “Кафански театар” произлегла токму во тој карантински период кога музичарите со оглед на ситуацијата беа повеќе посветени на снимање во студио.

Текстот за “Кафански театар” го напиша Даце, а музиката и аранжманот се дело на Дејан Миленковски-клавијатурист на Академци.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*