Три години од смртта на Дона Арес

Пред три години на денешен ден во попладневните часови одекна веста за смртта на босанската пејачка Дона Арес.

Пејачката која немаше некој кој не ја познаваше ја загуби долгогодишната битката со тешката болест.

Мајката Дона Арес вели дека ова се деновите кога и се враќа сеќавањето на нејзината прерано почината ќерка.

-Дона во аманет ми остави да бидам силна како што она беше во својата борба, успевам да не плачам пред другите и тагата ја чувам само за себе. Имам денови кога плачам иако дел од мене ќе плаче засекогаш додека бидам жива, раскажува мајката на Арес.

Таа додава дека нејзината ќерка била симбол за борбата против ракот и на многумина им давала сила и мотив за да продолжат со животот.

Пејачката почина на 41 година од својот живот, а зад себе остави неколку големи хитови, од кои еден најголем: „То ми није требало“.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*