Се огласи пријателката: Кичо Слабинац веќе два месеца е во кома

Познатиот хрватски пејач Крунослав Кичо Слабинац беше подложен на операција на срцето во Клиничкиот центар во Загреб на почетокот на месец август.

По операцијата која требаше да биде од рутинска природа, неговата здравствена состојба беше во животна опасност, па лекарите одлучија да го стават во индуцирана кома.

И додека сите се надеваа дека тој брзо ќе закрепне, според зборовите на неговата пријателка Мирјана Антоновиќ, Кичо Слабинац е во кома веќе два месеца, пишува српски „Блиц“.

– Драги мои пријатели. Многумина ме прашувате дали знам нешто за Кичо Слабинац. Кога отиде на операција ми вети дека ќе ми се јави штом ги отвори очите. Тој досега не се јавил, а бидејќи долго време е во кома, тоа е многу загрижувачко“, напишала Мирјана на својот фејсбук-профил.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*