Пријовиќ сјае како дијамант во комбинезон кој оцртува се’ на неа

Атрактивната пејачка Александра Пријовиќ со линијата на нејзиното тело отсекогаш привлекувала внимание. После бременоста, убавата пејачка успеа да ја врати својата фигура и целосно ужива во својот изглед.

Александра неодамна настапи на сплав во Белград и ги воодушеви сите во заводливо и провокативно издание. За оваа пригода популарната пејачка се облече во секси комбинезон кој ги истакна нејзините облини.

Александра носеше светкав комбинезон кој се припиваше на нејзиното тело. Ако погледнете малку поблиску, ќе препознаете дека кројот на овој модел многу потсетува на оној што го носеше Џенифер Лопез на нејзините настапи.

Кога немате грам вишок како Александра, овој модел може само да ја ласка вашата фигура. Поради тоа, Прија со самодоверба се појавува во ваква облека.

Покрај ова секси парче облека, популарната пејачка носеше и отворени сандали со високи потпетици што уште повеќе ја истакнаа нејзината фигура. Шминката беше пристојна, а косата и беше собрана во опашка.

Стајлинзите на Александра Пријовиќ се најкоментираните на „Инстаграм“ и како може да не бидат  кога згодната сопруга на Филип Живојиновиќ со секое ново појавување го одзема здивот.

Комбинации на облека како што се секојдневни фустани, спортски, лежерни тоалети, дури и провокативни и гламурозни, одлично и прилегаат и одлично се носи во сè.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*