“Литро вино, литро вода” од Влатко Алексовски и Скопски Боеми ќе добие спот

Влатко Алексовски и Скопски Боеми во интервју за ИН ТВ најавуваат снимање на спот за песната со која што настапија на Кумановскиот Фестивал Тумба Фест. 

Несомнено, еден од најенергичните сценски настапи на “Тумба Фест” беше настапот на познатиот фолк пејач Влатко Алексовски и Скопски Боеми кои ја изведоа заедничката песна “Литро вино, литро вода”.

Како што открива Влатко за естрадниот магазин Естрада плус оваа песна во најскоро време ќе добие и видео запис за кој што вели дека ќе биде многу подинамичен од нивниот настап на фестивалот.

-По реакцијата на публиката имаме отскок на песната, тоа е реалноста. Затоа нема да оставаме временски простор, веднаш ќе снимиме спот и оној настап кој што го имавме динамичен верувам дека во спотот ќе биде уште поенергичен. Песната влегува во уво, аранжмански е специфична, несекојдневна, се разликува од многу други песни и има еден дел кој што останува во уво, тоа е Литро вино, литро вода, бидејќи нашиот народ е боем во душа, секојдневно е по кафеани Литро вино, литро вода е нашето секојдневие, така да, песната ќе си најде голема публика.-истакна Алексовски за ИН ТВ.

Познатиот музичар Цане Петров и Влатко Алековски соработуваат веќе долги години, а песната “Литро вино, литро вода” е прва соработка на Влатко со групата Скопски Боеми. Цане во интервју за ИН ТВ вели дека се задоволни од крајниот резултат и од реакциите на публиката на Тумба Фест за нивната песна, но се надева дека со официјалното видео, песната ќе има уште поголема прифатеност од јавноста.

Задоволни сме затоа што точно онака како што планиравме, така и испадна песната, можеби и подобро не знам тоа ќе видиме по реакциите откако ќе се направи и спотот. Ние од декември минатата година ја почнавме идејата, така да, не ја брзавме само за да биде онака како што ја замисливме.-вели Цане Петров за Естрада плус.

Повеќе од очигледно е дека музичките карактери на Влатко и Скопски Боеми се совпаѓаат, затоа нивната соработка како што велат ќе трае уште долго. Тие веќе за следниот период најавуваат уште една заедничка песна.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*