Естрадата и сите засегнати од забраната за прослави во среда на Мирен Протест пред Влада на РМ

На ден 07.10.2020 ( среда ) со почеток од 14 часот ќе се одржи голем Музички Хепенинг со настап на најпознатите музички имиња од Македонија кој воедно ќе биде еден мирен протест на македонската музичка естрада, видео продукциите, фото-видео студиа, бутици и сите засегнати страни од забраната за одржување на свадбените прослави и слично. Мирниот протест ќе се одржи пред Владата на Република Македонија во Скопје.

“Ве покануваме на голем масовен протест во име на 20 000 илјади засегнати заборавени граѓани и работници, кои достојно и макотрпно од дома ги следеа случувањата со Ковид вирусот, но за жал и возврат не добија шанса да работат по нормални услови и барања како сите останати гранки во државата.
(Со повеќе кратен труд и начин да добиеме вистински протоколи за работа)

🎯 Целта на овој протест е да докажеме дека сепак постои огромна СЛОЖНОСТ помеѓу нас, дека ќе се бориме од денес па натаму многу по сериозно за нашите права, а со тоа сакаме да ги претставиме нашите строги барања и протоколи пред државните органи.
Со тоа би постигнале огромен успех, со што би продолжила константната работа на сите настани од отворен и затворен тип, без да нанесеме било каква штета врз здравјето на нашите почитувани граѓани. Со дозвола на нашите барања, ние за возврат ветуваме дека ќе направиме да има драстичен пораст на економијата во државата.

Вашата поддршка е секогаш безрезервна, но сега би ни било драго и чест доколку застанете зад нас, токму сега кога сте ни нај потребни.🙏🙏🙏

Нема место за Етничка поделба, во ова сме сплотени и повикани баш сите националности и граѓани на Република Македонија!!!
🇲🇰 Македонци
🇷🇸 Срби
🇹🇷 Турци
🇦🇱 Албанци
🇧🇦 Босанци
🇰🇮 Роми
Власи

Да, тоа сме ние, најголемите амбасадори, луѓето кои се присутни насекаде и ви го развеселуваат деноноќниот живот кроз песни и ора.

„БЕЗ МУЗИКА, НЕМА ЖИВОТ„

Со почит,
Музичарите и целата Свадбена Индустрија.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*