Атрактивната Рени ветува нови песни за нејзините фанови

Неколку нови песни и спотови најави Рени во интервју за ИН ТВ. Таа неодамна беше дел од Кумановскиот фестивал Тумба Фест каде што настапи со песната “Царица”.

Убавата и атрактивна пејачка Рени неодамна оствари уште еден фестивалски настап. Нејзината нова песна “Царица” која е во забавен стил ја претстави на фестивалот Тумба Фест кој што се одржа во Куманово.

Но, тука не запира. Иако сме во период на корона криза, таа со голема желба работи на нејзиниот нов материјал, нови песни и видеа.

-Да, се подготвуваат нови композиции, снимаме, работиме со авторски тим. Поради коронавирусот ситуацијата малку се искомплицира, можеби малку застанаа досегашните снимања и манифестации, но драго ми е што еве сега и почнуваат вака надвор со запазување на сите мерки сепак се одржуваат. Од мене може да се очекуваат уште неколку нови композиции кои ќе излезат во текот на наредните месеци, па и спот.-истакна Рени за естрадниот магазин Естрада плус.

За фестивалот Тумба фест вели дека е одлично место за дружба со колегите од македонската естрада, со кои не се виделе повеќе од шест месеци.

-Секако дека ни недостасуваше дружбата, особено естрадни уметници кои што се навикнати во својот живот да бидат постојано во комуникација со други луѓе и самиот момент на социјализација и нашата работа е таква, сакаме дружење. Ова е момент да се видиме по толку месеци, да ги обновиме контактите и да се потсетиме на сите убави моменти кои што сме ги имале на претходни дружби.-додава пејачката во интервјуто за ИН ТВ.

Освен по фестивалските настапи, Рени е добропозната на јавноста по бројните ангажмани по ресторани, локали и семејни прослави низ целата наша земја.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*