Сузана Гавазова вели дека е “време за ајвар”

Летото веќе заврши, а со тоа полека и завршуваат летните одмори. Сега настапи сезоната на правење зимници.

Македонските естрадни уметници оваа летна сезона останаа без нивните настапи поради пандемијата на коронавирусот, а поголемиот дел од нив сеуште се на продолжен одмор и чекаат некое подобро време за да се вратат на музиката и свирките.

Кога не може да се фатат за микрофонот, може да се фатат за правење на ајвар.

Па така, откако македонската пејачка Тијана Дапчевиќ се пофали дека е во Скопје и дека му помага на татка си да направи ајвар, сега на ред дојде и една од најпознатите фолк пејачки Сузана Гавазова.

Таа најпрво убаво се одмори и уживаше на море во Турција заедно со своите наследнички и сопругот,  а на социјалните мрежи секојдневно објавуваше фотографии од прекрасните моменти кои ги имаше таму.

Откако ги наполни батериите, Гавазова се врати на домашните обврски и деновиве направи македонски ајвар.

Инаку, познатата пејачка често знае на социјалните мрежи да се пофали со своите кулинарски вештини и да покаже каков специјалитет подготвила.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*