Далибор Даки Ѓошиќ : За скоро ќе слушнете доста новитети

Периодот на изолација поголемиот дел од македонските пејачи и музичари го искористија пред се, за убаво да се одморат, но и за да снимат некоја нова песна.

Еден од тие вредни музичари е и Далибор Даки Ѓошиќ кој покрај за него, подготвуваше песни и за неговите колеги од македонската естрада.

Во тој период ја направил песната “Вечна земја” за која што во најскоро време ќе сними и официјален спот.

-Да, јас работев една песна Вечна земја, за која би сакал за скоро после сето ова да направам спот бидејќи тоа е неизбежно песна без спот. Освен ова што го работиме и презентираме денес, работев со доста мои колеги и колешки за време на карантинот, припремавме и само чекавме зелено светло поради оваа ситуација. За скоро ќе се слушнат доста новитети, само еве и јас се молам на Бога да заврши оваа ситуација и да почнеме да функционираме комплетно како на музички план, така и на нашите настапи, настани, на сите наши прослави, патувања тука низ Македонија и во светот, така да чекаме да помине овој тежок период, живи и здрави да сме.-истакна Ѓошиќ во интервју за ИН ТВ.

Далибор со неговата нова песна со наслов “Рано насабајле” неодамна настапи на Кумановскиот фестивал на шегобијна песна “Тумба Фест”.

-Се работи за една комична, интересна песна Рано насабајле”, се работи за едно петле што чуда прави низ целото село, а јас ја доловив колку што можам максимално и вокално и се. Аранжмански ја изработивме со Робертино од наш аспект, а главната фаца Џони го направи целиот театар на она што се случуваше на сцената.-вели тој за Естрада плус.

Инаку, Далибор Даки Ѓошиќ е познат по неговиот моќен вокал и по тоа што ја негува исклучиво македонската песна.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*