Шер: Духот на мојот покоен сопруг постојано се шегува со мене

Легендарната музичка дива Шер (74), отворено признава дека верува во живот после смртта. Таа изјавила дека духот на нејзиниот покоен сопруг Сони постојано се појавувал во нејзиниот дом, се шегувал со неа и го поместувал мебелот.

„Кога ќе се појави неговиот дух, во мојата куќа се случува „light show“, изјавила Шер.

„Знам дека се шегува со мене бидејќи неговито дух во најчудни моменти го уклучува кристалниот лустер што го имаме дома. Кога нема струја во куќата, мојот лустер се уклучува“, додала пејачката.

Нејзини пријатели и обожаватели коментираат дека ѝ веруваат со оглед на тоа што и тие имале паранормални искуства. Како што изјавила Шер, нејзе духот не ѝ бил важен.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*