Нино Величковски : “Без разлика на ситуацијата мора да се создава нова музика”

Без разлика на ситуацијата мора да се создава нова музика.” Ова го истакна познатиот пејач Нино Величковски во неодамнешното интервју за ИН ТВ. Тој во месец дена промовираше две фестивалски песни и вели дека неговата работа продолжува и понатаму со уште поголем интензитет.

Успешно го реализираше “Тамбурашкиот Фестивал 2020 “, а периодов беше дел и од два големи македонски фестивали. Откако настапи на Охридски Трубадури, легендарниот македонски пејач Нино Величковски учествуваше и на Тумба Фест кој се одржа во неговиот роден град Куманово.

Нино во неодамнешното интервју за ИН ТВ истакна дека неговата работа продолжува и во следниот период додавајќи дека и покрај тешката ситуација во нашата земја поради коронавирусот мора да се создаваат нови песни бидејќи како што вели музиката е лек за се.

-Пред само краток период настапив на Охрид Фест и освоив втора награда од стручно жири со прекрасна песна на Филип Неделковски, тој е млад човек кој навистина напиша една Ода за песната, аранжманот е на Цане Петров и се гордеам што бев дел од фестивалот Охридски Трубадури на кој настапувам 14-15 години. Значи еве за скоро месец дена две нови песни. Продолжувам да работам и со Тамбурашите и солистички. За в година имам нови планови, без разлика на коронавирусот и се што се случува мора да се создава нова музика, нова песна, како нова љубов како нова рожба впрочем и треба да се живее за музиката.-изјави Нино за естрадниот магазин Естрада плус.

-Затоа и песната од Охрид Фест кажува Чувај ме песно , песната да не чува и да опстоиме во овие сепак тешки времиња. На народот доста му е од политики и мислам дека најдобриот лек за се е песната, таа ни е се и треба еснафски да се штитиме и да се чуваме и да понудиме нови песни, да има фестивали големи и мали и да има добри песни.-додава тој за гледачите на ИН ТВ.

Инаку, пред извесно време Величковски направи промоција на монографијата за “Октетот Куманово”, а одржа и гала промоција на три видео записи за три негови хит пе

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*