Лидија Спасовска го најавува петтиот албум

Со песната “Наш Град” која е посветена на Куманово, Лидија Спасовска настапи на Тумба Фест. Во интервју за ИН ТВ, Спасовска го најавува нејзиниот петти албум.

Фолк пејачката Лидија Спасовска имавме можност да ја погледнеме на годинешното издание на фестивалот Тумба Фест каде што настапи со песната “Наш Град”, песна која што е посветена на нејзиниот роден град Куманово.

Таа за естрадниот магазин Естрада плус открива дека во моментов го подготвува нејзиниот петти албум.

-Да, јас сега за време на периодот на изолација снимив три песни и скоро ми е готов албумот петти по ред и се надевам дека до крајот на оваа година, а можеби и наредната година ќе ги изненадам моите обожаватели со моето ново цд. Засега има осум песни кои ќе се најдат на албумот, па ќе видам можеби нешто ќе доснимам во меѓувреме, ако не, ќе бидат осум песни.-истакна Спасовска, во интервју за ИН ТВ.

Кога станува збор за свирките, Лидија вели дека започнала со настапи, но само по ресторани и локали, сеуште нема ангажмани на фамилијарните прослави.

-Сега последниов месец да, така петок сабота имам некои настапи по локали, инаку семејни веселби, свадби и слично, сеуште не.-додава пејачката за Естрада плус.

Инаку, Лидија освен по нејзините свирки кои што ги има низ целата земја, позната е и по бројните настапи на македонските фестивали.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*