Новото видео на Адел ги шокираше фановите

Новото видео кое што пејачката Адел го објави на социјалните мрежи ги шокираше нејзините фанови. “Каква трансформација, ти си бомба”…коментираа дел од следбениците !

„Среќен роденден со задоцнување на мојата дневна доза на симпатичност! Ти се восхитувам и те сакам многу! Ти си олицетворение на апсолутното дивјаштво! Продолжи да нѐ насмеваш вака, те обожавам до небото и назад!“, овие трогателни зборови британската пејачка Адел (32) на Инстаграм ѝ ги упати на нејзината пријателка, ТВ-sвезда, модна дизајнерка и актерка Никол Ричи, која минатата недела наполни 39 години. Инаку, Никол Ричи е ќерка на музичката ѕвезда Лајонел Ричи.

Но, повеќе од овој „порој“ на емоции, внимание привлекоа фотографиите и видеото што Адел ги објави на социјалната мрежа – иако на крајот на минатата година покажа неверојатни резултати од ригорозната диета и вежбање, благодарение на која изгуби дури 40 килограми, се чини јавноста и понатаму не може да се изначуди на витата фигура на Адел.

Повеќекратната добитничка на „Греми“ е целосно непрепознатлива, а комплиментите за нејзиниот изглед постојано пристигнуваат.

„Ти си бомба! Но, со нетрпение го очекуваме твојот нов албум, побрзај со тоа!“ ѝ порачаа нејзините обожаватели.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*