Наскоро нов видео проект на Челик Бенд

Песната “Кумановке фраерке” со која момците од Челик бенд настапија минатата година на Тумба Фест, прогласена за најслушана песна. Освен по енергичните настапи, Челик бенд се познати по тоа што секој момент го користат да сработат нешто ново. За гледачите на ИН ТВ откриваат дека на ред се уште неколку видео проекти со македонски песни.

Дел од Кумановскиот Фестивал на шегобијна песна Тумба фест беа и момците од Челик бенд кои ги придружуваа пејачите на сцената во текот на целиот фестивал. Тие се закитија и со признание за најслушана песна помеѓу двата фестивала, песна која ја изведоа минатата година, а носи наслов “Кумановке фраерке”.

Во интервју за ИН ТВ од Челик бенд откриваат дека периодов подготвуваат неколку нови проекти со добро одбрана македонска музика.

-Па да, имаме неколку проекти започнато, но поради пандемијата малку стагнираат, така да, кога ќе се средат работите ќе продолжиме подобро да ги снимиме песните, па ќе ги пуштиме на јавноста. Дефинитивно овој проект ќе биде со македонски песни. За понатаму ќе видиме можеби ќе има и нешто српско, но сето тоа сепак зависи од времето, колку ќе дозволи.-истакна Филип, вокал на Челик бенд.

Инаку, Челик бенд на македонската сцена постојат околу седум години, а на публиката се добропознати по нивните енергични сценски настапи. Важат за едни од најбараните музичари на семејните прослави, а застапени се низ целата земја.

-Челик бенд постои од 2013-та година. Оттогаш па се до денес мислам дека одлично работиме. Во текот на овие години се сменија три членови, што не е по наша вина, сега засега сме презадоволни. Корона кризата направи што направи, се надеваме на подобри времиња, да ја веселиме цела Македонија, да работиме. Супер беше досега, па за понатаму ќе видиме. Познати сме по сценските настапи со тапан кои што ги изведувам јас, со помош на моите колеги, позитивни сме на сцената. Само да го молиме Бога да се среди ситуацијата, народот е желен за добра забава и мислам дека кога ќе почнеме ќе биде феноменално.-вели Ивица Челик, за гледачите на ИН ТВ.

Тие велат дека ако биде се во ред следниот период, Челик бенд ќе отпатува за Хрватска каде што треба да остварат еден настап.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*