Вистинска домаќинка: Сека Алексиќ по тренерки и влечки пече пиперки во дворот

Пејачката Сека Алексиќ ужива со семејството во нејзиниот дом во Стара Пазова.

Сека своето слободно време го поминува дома, каде ужива со своите синови Јаков и Јован и сопругот Вељко, а фотографијата што ја објави исто така покажува дека не се штеди од домашните работи.

Сека позираше во својот двор во влечки и тренерки додека печеше пиперки.

„Малку кифлички, малку ракија, малку пиперки и така во круг“, напиша насмеаната Сека, а во коментарите, следбениците беа воодушевени: „Честитки, ти си вистинска домаќинка“.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*