Каде и да се појави Благица Павловска ги собира сите погледи

Каде и да се појави, нашата позната македонска пејачка дефинитвно ги собира сите погледи бидејќи таа е една и единствена, легендарната Благица Павловска. Иако сме во период на корона криза, таа во изминатиот период успеа да подготви песни со кои зеде учество на неколку фестивали. Секако дека Благица тука не запира, на своите фанови им ветува уште неколку песни за следниот период.

Легендарната фолк пејачка Благица Павловска периодов оствари три фестивалски настапи. После нејзиниот одличен настап на Изборот на Летен Фолк Хит во Општина Новаци, каде што настапи заедно со нејзиниот колега Влатко Алексовски, следуваше настапот на Охрид Фест-Охридски Трубадури со нејзината најнова песна “Невреме“. Павловска пред само неколку денови учествуваше и на Тумба Фест, познатиот Кумановски фестивал на шегобијна песна.

-Иако јас знам некогаш да паузирам, да се повлечам и слично, меѓутоа не спијам секако имам многу песни што треба да ги работам. Веќе на Охридски Трубадури настапив со нова песна од нови автори, песна за која мислам дека ќе има голем прием кај слушателите и гледачите, но тоа лека полека, а верувам дека и оваа песна од Тумба Фест ќе биде привлечна оние кои што ја обожаваат Благица Павловска.-истакна пејачката во интервју за ИН ТВ.

Песната со која што Благица настапи на Тумба Фест не беше на Кумановски дијалект, но нејзиното појавување на сцената привлече големо вниманиe и задоволство кај присутната публика коja со нетрпение го очекуваше нејзиниот настап.

-Имаше убава реакција затоа што јас имам публика која ме обожава од поранешните мои хитови и сега јас кога ќе се појавам очекуваат нешто добро. Гледам дека им се допадна едноставно што сум јас тука присутна, верувам во тоа. Убаво е кога некој го обожаваат и сакаат да го видат повторно или тука на местото каде што живеат луѓето. Мојата песна не беше со Кумановски дијалект бидејќи јас си го пишував текстот, веќе од минатата година ја имав песната направено и чекавме погоден момент да настапам со истата.-вели Павловска, за Естрада плус.

Познатата пејачка одвреме навреме знае да се повлече од сцената, но тоа не значи дека не работи на нов материјал. Напротив, таа секогаш размислува околу следните планови на полето на музиката, а во интервјуто за ИН ТВ на своите фанови им вети дека во најскоро време ќе промовира уште неколку нови песни.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*