Деми Ловато ја раскина свршувачката со актерот

Пејачката Деми Ловато ја раскинала свршувачката со актерот Макс Енрих откако заедно поминале само шест месеци.

Веста дека се свршија ја објавија во јули, по само четири  месеци врска, а се чини дека им пресудиле гласините дека 29-годишниот Макс и’ праќал пораки на поранешната пријателка на Деми, Селена Гомез, уште во 2015 година и двете ги споредувал.

„Тоа беше тешка одлука, но Деми и Макс одлучија да тргнат секој по свој пат и да се фокусираат на своите кариери. Се почитуваат и се сакаат и секогаш ќе го ценат времето што го поминаа заедно“, изјавил извор близок на парот.

Неколку часа откако се расчуло дека ја раскинале свршувачката, Деми споделила видео на Инстаграм во кое не го носи веќе свршеничкиот прстен. Во кратки кадри позирала пред огледало, а во еден момент го зумирала натписот на маицата на која пишува „кучињата се повеќе од луѓе“.

Деми и Макс ја почнале својата романса во март оваа година, непосредно пред почетокот на пандемијата на коронавирус, а времето во карантин го поминале заедно. Својата љубов често ја покажувале на социјалните мрежи, споделувајќи заеднички фотографии и видеа.

Но, се’ тргнало наопаку кога било објавено видео во кое Макс ја исмева Деми и ја споредува со Селена, за која наводно напишал дека е поубава и дека пее подобро од неа.

„Хахахаха… Селена Гомез и Деми се слатки заедно, но ако мислите дека Деми е позгодна… Се лажете“, напишал наводно Макс во 2015 година.

Деми потоа тврдела дека сето тоа е лажирано и дека луѓето би требало да се занимаваат со попаметни работи.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*