Група Академци на Тумба Фест со “Кафански театар” и новиот женски вокал Ивана

“Кафански театар” е насловот на песната со која што Група Академци настапија на годинешното издание на Кумановскиот “Тумба Фест”. За првпат како тестописец на нивна песна се потпишува нивниот член и машки вокал на групата, Даце, а овојпат заедно со Академци настапи и нивниот женски вокал Ивана.

Група Академци после долги години настапија на “Тумба Фест” овојпат во посвеж состав, односно со нивниот женски вокал Ивана.

На фестивалот учествуваа со најновата песна која носи наслов “Кафански театар”. Mузиката и аранжманот се дело на Дејан Миленковски-клавијатурист на Академци, а текстот го напиша вокалот Даце кој што за првпат се јавува како текстописец на нивна авторска песна.

-Да, во тој карантински период излезе песната. Мене многупати ми дошла инспирација за текст, но колку сум зборлив однадвор толку сум срамежлив одвнатре и некако не сум се осудил да понудам текст. Еве годинава со нашиот колега, му кажав дека имам текст, тој имаше мелодија, направивме добра спојка и излезе супер. За првпат се појавувам како текстописец и морам да кажам дека имаше позитивни коментари досега барем од блиските луѓе кои ја слушнаа песната, а реакцијата на публиката ќе ја видиме по нашиот настап.-истакна Даце за естрадниот магазин Естрада плус.

Даце во интервјуто за ИН ТВ открива дека подготвуваат нов дует со Ивана, за кој што верува дека ќе биде реализиран во најскоро време. Но, нема да ги изостават ниту фестивалите, а нив следен настап ќе биде на “Роса фест”.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*