Џенифер Лопез го заведе Малума

Светски познатата пејачка Џенифер Лопез се врати на голема врата на музичката сцена и тоа го стори неделава во соработка со популарниот колумбиски пејач Малума.

Латино-дивата вчера објави спот за двата нови синглови “Pa Ti” и “Lonely”, први по повеќе од една година.

На екранот, sвездата на „Хастлерс“ ја истакнува својата затегната фигура во замотани кошули, мини фустани и секси долна облека додека се бори со законот и започнува романса со нејзиниот возач, кого го игра 26-годишниот колумбиски пејач.

Видеото се отвора со широк поглед на луксузна палата со фасцинантни градини и фонтани.

Во палатата, соодветна за кралица, Лопез седи покрај рози на балкон со поглед на раскошната градина.

На приватен план Лопез е среќна во врската со спортистот Алекс Родригез со кого ја одложи свадбата заради коронавирусот. Од бракот со поп-ѕвездата Марк Ентони има син и ќерка.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*