Спасен Силјаноски проговори за прекинатата Австралиска турнеја

Пред да започне интензивното ширење на пандемијата на коронавирусот, нашиот познат фолк пејач Спасен Силјаноски, заедно со неговиот колега Дарко Стојаноски и Престиж бенд отпатува за Австралија по повод големата турнеја.

Иако имаа единаесет веќе распродадени концерти, тие одржаа само три. Веднаш потоа мораа да се вратат за Македонија поради новите закони донесени во Австралија за заштита од коронавирусот.

Спасен Силјаноски во интервју за ИН ТВ раскажува за убавите моменти кои ги имале во Австралија со нашите Македонци таму, но и за сето она што им се случи на враќањето од оваа далечна земја.

-По петти пат беше оваа моја турнеја во Австралија, во организација на најдоброто Културно уметничко друштво Никола Карев со нивниот најдобар и најспремен менаџер Ацо Петроски и неговите колеги. Бев заедно со мојот колега Дарко Стојаноски и овојпат го носев и мојот бенд, Оркестар Престиж кој што е со мене неколку години и со којшто заедно настапуваме. Имавме закажано единаесет концерти, од кои сите беа распродадени, но за жал одржавме само три од нив. Веднаш после овие три концерти надвладеа пандемијата и во Австралија, па како и кај нас така и таму дојдоа нови промени и закони, беше забрането да се музицира, а тоа беше поводот да се вратиме ние назад.-вели Силјаноски за естрадниот магазин Естрада плус.

-За несреќа наша заглавивме околу четири дена во Турција на аеродром бидејќи не можевме да се вратиме во Македонија, потоа со многу напори стигнавме до Бугарија, од таму во Македонија и тука директно бевме однесени во карантин, таков беше тогаш процесот и тој закон важи еднакво за сите. 14-дена бевме во државен и уште 15 дена во домашен карантин, околу 30 дена бев во карантин тој период.-раскажува Спасен за гледачите на ИН ТВ.

И покрај тоа што подолг период беше во карантин, Спасен успеа да го искористи тоа време и да подготви нова песна за неговите обожаватели со наслов “Ах да се врати времето”. Тој веќе промовираше и официјално видео за оваа песна кое го изработија неговите соработници од ИН Продукција.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*