Група Чардак ќе продолжат со нови проекти по стабилизирање на состојбата со вирусот

“Ќе работиме на нови песни и проекти, но сепак ќе почекаме да видиме со какво темпо ќе се одвива коронавирусот.” Ова го истакна Златко Јолакоски од Група Чардак во неодамнешното интервју за ИН Телевизија.

Пред извесно време во студиото на ИН Продукција гостуваа членовите на група Чардак, а поводот беше промоцијата на две песни, нивната авторска со наслов “Најбогат ќе бев” и уште една песна која што уште пред долги години се пеела по гости на семејните слави “Гости канела славја кралица”.

Од група Чардак велат дека и понатаму ќе работат на нови композиции, но најпрво ќе почекаат да се стабилизира состојбата со коронавирусот.

-Морам да кажам дека ова ни беше приоритет и еве го направивме, ги промовиравме нашите две нови песни. За следни планови нормално е дека ќе работиме, дали со ист или со помал интензитет, но сепак треба да видиме со какво темпо ќе се одвива оваа болест и дали ќе заврши за да можеме нормално да почнеме да работиме за да можеме нормално да планираме други нови работи бидејќи сега моментално основните продукти, а не планирање на понатамошна работа за што знаеме дека е инвестиција. Голема инвестиција, но најпрво здравје па понатаму и други планови.-истакна Златко Јолакоски во интервју за ИН ТВ.

Инаку, Група Чардак важат за едни од најпознатите и најбараните музичари во земјава. Тие најчесто се застапени во Охридско-Струшкиот регион, а ја негуваат Охридската и Македонската староградска песна.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*