“Премиум бенд” – Спој на искусни и млади музичари

Повеќе од една година на естрадата постои Премиум бенд кој се состои од шест музичари. Во бендот има искусни, но и млади музичари со цел да соберат публика од сите генерации.

Премиум бенд на македонската сцена постои повеќе од една година. За естрадниот магазин Естрада плус Сашо Костовски, еден од членовите открива чија била идејата да се оформи овој бенд кој што претставува еден одличен спој на искусни, но и доста млади музичари.

-Како Премиум бенд постоиме година, година и пол. Јас и мојот колега Јовица Роко настапуваме од далечната 1980-та година на наши 17-18 години започнавме заедно да свириме, направивме еден бенд. Потоа со распадот на Југославија имавме некои нови проекти, така да јас продолжив со тој бенд што го имавме со Јовица со група Мелодија, но 2005-та година престанав со свирење и на иницијатива на Јовица како што кажав, минатата година ме повика да направиме повторно бенд бидејќи и самиот осети дека на нашиот пазар во Македонија недостасуваат квалитетни бендови кои што ем ќе бидат добри за уво, ем ќе го развеселат нашиот народ.

Направивме еден спој на искуство, дечки кои се занимаваат професионално со музика и еден спој на млади деца со кои на некој начин со нив очекуваме да имаме од сите генерации публика и очекуваме кругот да се рашири со што би имале поголем број на настапи, особено на македонските свадби.-раскажува Костовски, за Естрада плус.

Премиум бенд се состои од шест искусни музичари, Сашо Костовски-тапани, Јовица Роко-клавијатури, Горан Станкоски-хармоника, Ристе Кацијовски-вокален солист, Виктор Китановски-дувачки инструменти и Александар Костовски на ударни интрументи.

Тие пред само неколку денови во студиото на ИН Продукција претставија дел од нивниот заеднички проект со добро одбрани македонски народни песни.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*