Игор Андреевски најавува нова песна и спот

Нова авторска песна и снимање нов спот најави Игор Андреевски во интервју за ИН ТВ. Како што вели видеото за песната ќе го снима со неговите соработници од ИН Продукција.

Игор Андреевски важи за пејач кој ја негува исклучиво македонската народна песна. Тој во неодамнешното интервју за ИН ТВ откри дека има нова песна која што периодов треба да ја сними во студио. Веднаш потоа ќе се следува и снимање на официјално видео кое ќе биде во соработка со ИН Продукција.

-Сакам да нагласам дека овој период го завршив моето студирање по пијано на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје и напорно работам и се трудам со творење на македонска музика, исклучиво македонска. Спремам една нова песна за видео проектот ќе го работам со ИН Продукција. Нема да откријам кој е насловот, нити каде ќе се снима спотот и што ќе биде, едноставно ќе оставам прво да се случи песната, да ја снимам во студио, да се изработи видео проектот, па потоа ќе им ја претставиме на гледачите.-вели Андреевски за естрадниот магазин Естрада плус.

Игор со неговата песна “Вечна да е Македонија” неодамна настапи на фестивалот Избор на Летен Фолк Хит во Општина Новаци што за него претставуваше огромно задоволство бидејќи покрај пеење на оваа манифестација имаше и одлична дружба помеѓу македонските музичари.

-Како што ни фалеа настапите помеѓу луѓето, така ни фалеше и дружбата со колегите. Овој фестивал беше една одлична можност да се видиме, да ги размениме нашите ставови, едноставно да се дружиме и да си направиме муабет.-додава тој.

Иако е релативно млад, Игор зад себе има неколку авторски, но и препеани македонски песни. А со каква песна ќе не изненади, останува да видиме во следниот период.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*