Елена Јовческа : Се надевам ќе се вратат старите добри денови

Елена Јовческа започна со остварување на настапи, но само на семејните прослави. Пејачката се надева дека во најскоро време ќе се вратат старите убави денови.

Периодов дел од македонските музичари започнаа да ги остваруваат нивните настапи. Една од нив е и фолк пејачката Елена Јовческа која што за Естрада плус открива дека остварила неколку свирки, но само на семејни прослави.

Таа се надева дека состојбата со коронавирусот ќе се стабилизира и дека повторно ќе се вратат старите добри денови за сите нас.

-Јас веќе имав четири настапи во овој период меѓутоа беа фамилијарни прослави и многу не се осети оваа корона да кажам. Но, сеуште немам настапувано во ресторан каде што доаѓа различна публика, така да не можам да кажам од таа страна ништо. Имам еве повторно роденден кај што е фамилијарна веселба и се надевам дека ќе биде супер. Се надевам дека за брзо време ќе заврши оваа ситуација со вирусот и ќе бидеме сите слободни и дека ќе се вратиме на старото исто време.-истакна Елена во неодамнешното интервју за ИН ТВ.

Инаку, таа и за време на карантинскиот период работеше на својата музичка кариера и објави нова авторска песна со наслов “Грешна Љубов”. Пред само неколку денови Јовческа повторно ја изненади јавноста со нов проект, односно Mashup  со познати забавни песни.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*