“Реканска свадба” е новата песна на Дуле

“Реканска свадба” е насловот на новата песна на Дуле, која што тој ја посветува на сите жители на Реканскиот крај. Песната деновиве ја претстави во студиото на ИН Продукција.

Дуле Дуле во студиото на ИН Продукција ја промовираше неговата најнова песна. Станува збор за песна со свадбарска тематика која што носи наслов “Реканска свадба”. Со оглед на тоа што песната е направена од познатиот музичар Јане Рафаиловски, очекувањата се дека истата ќе биде добро прифатена од јавноста.

-Оваа песна е за мојот крај, Реканскиот, наменета е за свадби, со свадбарска тематика, а насловот е Реканска свадба.

Голема Благодарност до Јане Рафаиловски кој е доста познат музичар, а неговите песни се големи хитови, па се надеваме дека и оваа ќе биде добро прифатена од јавноста. Оние кои што досега ја слушнале велат дека е супер, па ќе видиме откако ќе ја објавам со видео како ќе ја прифатат.-истакна Дуле за естрадниот магазин Естрада плус.

Покрај оваа песна, тој зад себе има уште две авторски песни од кои едната е љубовна со наслов “Оди си”, како и песна со печалбарска тематика “Жал за Радика”.

Дуле е доста баран низ локалите, но и на семејните прослави особено во неговиот Рекански крај. Со музика се занимава скоро 10 години.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*