(ВИДЕО) Погледнете го новиот Mashup на Елена Јовческа

Дали го погледнавте и дали ви се допадна новиот Mashup на Елена Јовческа кој се состои од микс на забавни песни?!

Одличен Mashup овојпат со добро одбрани македонски забавни хитови објави фолк пејачката Елена Јовческа.

Таа овој проект го најави пред само краток период во интервјуто за Сателитската ИН Телевизија. Видеото го изработија нејзините соработници од ИН Продукција, а Елена се појавува во впечатлив црн стајлинг кој никого не би оставил рамнодушен. За нејзиниот изглед, односно за шминка и фризура се погрижи Алек Палада.

-Имам еден проект со повеќе забавни песни, тоа е микс кој што наскоро ќе го снимам. Исто сум во план за уште една песна меѓутоа чекам да видам како ќе се одвиваат работите.-истакна Елена неодамна во интервју за ИН ТВ.

Овој Mashup на нашата Елена Јовческа најпрво имаа можност да го погледнат гледачите на Сателитската ИН Телевизија и естрадниот магазин Естрада плус.

Во продолжение погледнете го видеото !

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*