Борче Наумовски : Работиме со намален интензитет, но секако дека ќе има нешто ново

Во подготовка се новите песни на фолк пејачот Борче Наумовски Министерот. Тој вели дека се работи со намален интензитет, но секако дека ќе има нешто ново од него во следниот период. 

Борче Наумовски-Министерот важи за пејач кој што секогаш знае да ја изненади јавноста со нова песна.

Во интервјуто за ИН ТВ Борче истакна дека се подготвува неговиот нов материјал, но со намален интензитет бидејќи така налага моменталната ситуација.

-Искрено работиме со помала брзина овој период и можам да кажам дека добро ни дојде и од премногу работа што имавме претходниот период, добро ни дојде малку и да се одмориме и да се видиме со фамилијата дома и со децата. Така да, правиме по нешто ново, но не мислам дека е тоа со некој голем интензитет затоа што така ни налага на сите ситуацијата, а секако дека ќе има нешто ново.-вели тој за гледачите на ИН ТВ.

Наумовски за естрадниот магазин Естрада плус вели дека состојбата со корона кризата доста лошо влијаеше на сите музичари, а тој лично имал доста загуба од пропаднатите настапи.

-Мислам дека е престрого за сите нас, ајде на почетокот како што беше за сите не само за музичарите, но мислам дека се издолжи многу, а сите ние со тоа изгубивме доста. Мислам дека ќе се надополни, но би кажал дека ова е престрого, односно премногу се издолжи затоа што ако беше периодично месец два, ова веќе е од февруари па досега и во скоро време еве сеуште нема ништо, мислам дека е многу, но ајде да се надеваме Господ златен како за сите, така и за нас. Дека сме погодени, сме, искрено.-додава тој во интервјуто за ИН ТВ.

Борче неодамна учествуваше на Фестивалот Избор на Летен Фолк Хит 2020 каде што настапи со неговиот голем хит “Убавица си моја”.

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*