Благоја Грујовски го открива мотивот за “Солза таткова”

Благоја Грујовски во интервју за ИН ТВ открива кој е главниот виновник, односно кој е мотивот за снимање на песната посветена на ќерките “Солза таткова” ?!

Еден од најпознатите пејачи на македонската фолк сцена Благоја Грујовски беше доста вреден во изминатиот период. Иако сме сеуште во период на корона криза, тој успеа да сними и да промовира две песни. Едната од нив е посветена на познатата Жировница и е со наслов “Жировница ви пее”, додека другата “Солза таткова” е посветена на сите ќерки на светот.

Благоја во интервју за ИН ТВ овојпат открива кој е мотивот за песната “Солза таткова”.

-Јас за жал немам ќерка иако ја доживувам исто таа емоција, затоа имам синови, а тоа е нешто слично. Мотивот за оваа песна беше истотака еден наш пријател од Жупа, Цезар Таировски, кој живее во Италија и кој имаше желба да се направи една песна која ќе биде посветена на неговата ќерка. Песната е за сите ќерки на овој свет, но ете желбата негова беше да се направи таква песна и долго време ние чекавме, година до две, затоа што песна не се прави така на прва да седнеш и да направиш песна. И конечно кога Јане Рафаиловски ја имаше вистинската идеја и вистинскиот мотив ете дојде на свет и таа песна која истотака е правена со емоции, тоа се слуша и се чувствува во песната. Според првите реакции мислам дека допре до многу луѓе, до многу срца, до многу ќерки, татковци, мајки.-истакна Грујовски за Естрада плус.

И двете песни на Благоја Грујовси засега се одлично прифатени од јавноста, а доказ за тоа е гледаноста на видеата на јутјуб каналот, како и нивните споделувања на социјалните мрежи од страна на неговите фанови.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*