Премиум бенд имаат одличен музички проект

Музички проект во студиото на ИН продукција промовираа Премиум бенд. Очекуваат проектот да биде одлично прифатен од јавноста.

Доста убави и добро одбрани македонски народни хитови има во најновиот музички проект на Премиум бенд. Дел од проектот тие одлучија деновиве да претстават во студиото на ИН Продукција во Охрид. За естрадниот магазин Естрада плус велат дека за потребите на проектот ги одбрале најбараните и најслушаните песни од македонската ризница.

-Проектот решивме да го направиме по ист принцип како и сите музичари. Обработивме два сплетови со македонски песни кои се доста слушани и барани, а воедно имаме уште три снимени сплетови кои што во следна прилика ќе ги пуштиме за да ги видат гледачите. Со тоа што сакавме тука во ИН Продукција да се претставиме со македонски сплетови бидејќи и за нашето поднебје, но и за надвор од земјава кај нашите драги македонци да претставиме како ја свириме македонската музика.-истакна Сашо Костовски за гледачите на ИН ТВ.

Како што велат во интервјуто за ИН ТВ во овој музички проект има ориентален и деветка сплет, а очекувањата од истиот се навистина големи.

-Верувам дека ќе бидеме прифатени од народот, не само што ќе бидеме гледани туку и прифатени понатаму од гледачите бидејќи и во групата направивме спој на поискусни, тоа сме јас и Јовица Роко, па потоа една средна и млада генерација.-додава тој во интервјуто.

Инаку, Премиум бенд на македонската сцена постои околу една година, а се состои од шест искусни музичари. Сашо Костовски-тапани, Јовица Роко-клавијатури, Горан Станкоски-хармоника, Ристе Кацијовски-вокален солист, Виктор Китановски-дувачки инструменти и Александар Костовски на ударни интрументи.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*