КЕТИ ПЕРИ ЗА ПРВПАТ НА ПРОШЕТКА ПОСЛЕ ПОРОДУВАЊЕТО

Пејачката Кети Пери беше фотографирана рано изутрина како купува кафе и намирници во локалната продавница во Малибу. Ова е првпат јавноста да има можност да ја види откако ја роди ќерката Дејзи Блум.

Кети се породи на 27 август годинава, само еден ден пред да го објави својот нов студиски албум „Smile“.

Новите фотографии ја покажуваат ѕвездата во весело расположение, видливо среќна. Таа носеше опуштен зелен фустан, капа, очила за сонце и заштитна маска.

Да потсетиме, Кети најпрво ја објави веста за нејзината бременост со актерот Орландо Блум на почетокот на март, во спотот за песната „Never Worn White“. Двојката подоцна потврди дека очекуваат девојче.

Обожавателите првично очекуваа Кети да ја именува својата ќерка Дејзи поради истоимениот сингл од нејзиниот претстоен албум „Smile“.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*