Елена Јовческа сними Mashup со забавни хитови

Mashup со познати хитови во забавен стил сними Елена Јовческа. Видеото кое што го работи во моментов ИН Продукција ќе биде објавено деновиве.

Атрактивната пејачка Елена Јовческа постојано работи на музичката кариера и внимателно ги бира нејзините следни чекори.

Таа деновиве изработи одличен микс овој пат од забавни песни, а видеото за истиот го снимаше во студиото на ИН Продукција, нејзините долгогодишни соработници. Овој микс Јовческа го најави и во неодамнешното интервју за ИН ТВ.

-Имам еден проект со повеќе забавни песни, тоа е микс кој што наскоро ќе го снимам. Исто сум во план за уште една песна меѓутоа чекам да видам како ќе се одвиваат работите.-изјави Елена, за Естрада плус.

За време на карантинскиот период во нашата земја, Елена не мируваше. Напротив, таа ја објави нејзината нова авторска песна која носи наслов “Грешна љубов”, а за која што соработуваше со едни од најдобрите музичари во земјава.

-Ги вклучив најдобрите музичари и драго ми е што ме трпеа десет дена затоа што многу е тешко да направиш песна која што воопшто ја немаш слушнато, а тие требаа да ја отсвират. Јас на сите буквално им свирев и пеев што треба и како треба. Голем поздрав и до мојата колешка Марија која што се нафати да биде дел од овој проект.-вели пејачката во интервјуто.

Овој Mashup на Елена Јовческа ќе биде премиерно претставен во најскоро време на Сателитската ИН Телевизија.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*