Цеца Ражнатовиќ никогаш не изгледала подобро

Иако отсекогаш важи за една од најатрактивните пејачки на српската музичка сцена, се чини дека Цеца Ражнатовиќ никогаш не изгледала подобро, а тоа го покажуваат најновите објави на социјалните мрежи.

Секогаш елегантна и средена, но пејачката во последно време се фотографира и во ноншалантни изданија, како пред неколку дена на аеродромот, во фармерки или пак во домашно издание по тренерки или пижами.

Сепак, коментарите под последната објава на Инстаграм покажуваат дека нејзините обожаватели најмногу сакаат да ја гледаат скоцкана од глава до пети.

Пејачката беше фотографирана во елегантен фустан, а носеше впечатливи розови сандали.

Покажа совршена линија, но она што привлече најмногу внимание е нејзината бујна коса до задникот. Пред неколку дена, пејачката објави видео од модната фотосесија. Цеца изгледа фантастично!

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*