Оркестар Маестрал до Нова Година ќе објават нова песна

Подготвена е новата песна на Оркестар Маестрал. Како што велат од Оркестарот, останува уште да се сними во студио, а за промоција ќе мора да почека барем до почетокот на наредната година.

Оркестар Маестрал од Битола се добропознати на јавноста по нивните големи хитови “Еј девојче од мојата мала”, “Мајко моја”, “Гулабице моја” и уште многу други.

Како што откриваат за естрадниот магазин Естрада плус тие периодов подготвија нова песна за нивните фанови, која ќе биде промовирана на почетокот од следната година.

-Имавме ние една спремна песна веќе, тоа беше пролетта некаде месец март, но како што знаете започнаа рестрикциите, карантинот и тоа така остана. Песната сеуште не е снимена, но готова е. Сега малку и еланот за работа спласна, меѓутоа се надеваме дека околу Нова Година ќе излеземе со нешто ново. Песната спремна е само треба да се сними.-истакна во интервју за ИН ТВ, Иле Митревски.

Како што веќе ве информиравме годинава на Изборот на Летен Фолк Хит настапија бројни познати музички имиња од македонската фолк сцена, а дел од фестивалот беа и Оркестар Маестрал кои настапија со песната “Мајко моја”.

-Поминавме прекрасно на фестивалот. Се знае оваа година со ситуацијата со коронавирусот, меѓутоа без музика нема ништо затоа мора да се продолжи. Минатата година бевме со најмногу гласови на првото место, годинава да сме здрави и живи не е битно тоа толку, колку што е битна дружбата и традицијата да остане.-вели Митревски за Естрада плус.

Инаку, Оркестар Маестрал важат за едни од најпознатите и најбараните музички групи во земјава, а моа да напоменеме дека овие музичари доста често гостуваат и кај нашинците во далечната Австралија.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*