Дарко Лазиќ влегува во „Задруга 4“: Пејачот е до гуша во долгови

Фолк ѕвездата Дарко Лазиќ наскоро би требало да влезе во реалното шоу „Задруга 4“ и тоа заради пари, затоа што пејачот е до гуша во долгови.

Наводно, продукцијата веќе некое време преговара со него под кои услови би се појавил во нејзиното ријалит и дали како учесник кој ќе се бори за главната награда до јули или како гостин само на неколку месеци.

„Дарко, исто како и добар дел од естрадата, има финансиски потешкотии од март. Пред тој период, луѓето живееја, трошеа, купуваа, но сега сè се смени. Никој на естрадата нема сигурни приходи, а трошоците растат и го притискаат од сите страни“ – вели негов добар  пријател за „Свет“ и продолжува:

„Претходните години го викаа во различни ријалити формати, но тој одбиваше затоа што заработи многу пари на тезга. Сега му одзеле еден од автомобилите поради неплатени рати, плус има алиментација за Лорена секој месец, а да не ги спомнувам трошоците за неговата сопруга и детето. Долгови што ги имаше од порано, тој исто така мора да ги врати, каматите постојано растат. Да не сте му во неговата кожа.

Заштедата ја изеде,  па затоа тој смета дека ова мачење ќе го натера да влезе во шоуто. За него е многу важно да ги усогласи  условите: каде ќе спие, што ќе јаде, бидејќи е на посебен режим заради намалувањето на желудникот, дали ќе има контакт со семејството…? Продукцијата е решена да го донесе во реалното шоу и дури се подготвени да му дадат дел од хонорарот однапред, со цел да ги реши финансиските проблеми и да отплати дел од долговите. Така што се очекува дарко да се најде во Белата куќа за отприлика еден месец“ – тврди пријателот на пејачот.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*