Група Чардак : Публиката е желна за музика

“Публиката навистина е желна за музика, периодов им дојде преку глава се, а музиката е таа што го води светот “-ова го истакнаа членовите на Група Чардак при неодамнешното интервју за ИН ТВ.

Познатата Охридска Група Чардак скоро секојдневно настапува во прекрасен локал на Охридското крајбрежје кој што има доста посетеност периодов од домашните гости.

Од она што овие музичари можат да го забележат на нивните свирки велат дека публиката навистина е желна за музика.

-Желни се за музика да. Изгледа им дојде преку глава од се и иако ја немаме претходната можност односно старата рутина или традиционален начин на свирење по масите за веселење. Иако не смееме тоа и голема галама да има во ресторанот, луѓето не слушаат со внимание и интересна работа. Затоа реков дека е интересно прашање, желни се за музика. Буквално се им дојде преку глава, a музиката е таа што го води светот.-истакна Златко Јолакоски за гледачите на ИН ТВ.

Група Чардак пред само краток период ја изненадија јавноста со две нови песни. Едната од нив е нивна авторска песна со наслов “Најбогат ќе бев”, додека другата е доста стара песна “Гости канела славја кралица“ која уште во минатото се пеела по гости за слави и други семејни прослави.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*