Џон Бон Џови се држи во форма и на 59 години

Фронтменот на групата „Bon Jovi“, 59-годишниот Џон Бон Џови, бил фотографиран додека џогирал во Хемптонс, а за таа прилика покажал дека се уште е добра форма и дека има затегнати мускули.

Музичарот бил фотографиран во спортско издание, а папараците не му го расипале расположението бидејќи постојано бил насмеан додека трчал.

За таа прилика, Џови носел тегет маица без ракави и шорцеви во истата нијанса, додека на главата носел сив качкет и сини патики. Во оваа комбинација биле воочливи неговите мускулести раце и нозе, како и тетоважата на рамената.

„Со години вежбав на лента за трчање, а сега ќе почнам да се занимавам со јога и ќе уживам во тоа. Јас сум човек од 21 век“, изјавил легендарниот пејач во едно интервју.

За време на карантинот во текот на пандемијата на коронавирусот, Џон Бон Џови приреди виртуелен концерт, а наскоро би требало да го објави својот нов музички албум „Bon Jovi: 2020“ кој фановите ширум светот со нетрпение го очекуваат.

Да потсетиме, славниот рокер Џон Бон Џови заработи многу пари за време на неговата успешна кариера, која траеше скоро четири децении, а тој искешира милионска цифра за да си купи нова куќа.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*