Цеца проговори за корона кризата: Трошоците ни се страшни, а приходите НУЛА!

Цеца и Аца Лукас деновиве беа на настап во Луцерн, а по враќањето од таму пејачката рекла дека после толку време и било доволно само да излезе на бината и да ја почувствува енеријата на публиката.

Открила и каква е атмосферата во Луцерн, како луѓето се штитат, но зборувала и за кризата со која се соочува естрадата заради немањето настапи.

– Естрадата навистина е во проблеми. Не зборуваме за мене, Чола, Лукас, Брена… А зошто па и да не зборуваме за нас? Нам трошоците ни се страшни, а приходите нула, а замислете ги само оние луѓе кои работат за многу, многу помалку пари. Мислам дека не е фер. Медиумите велат естрадата кука, па ќе кука зашто и ние имаме семејства и ние сме живи суштества кои треба да опстанат, рекла Цеца.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*